ПЛАЌАЊЕ

За да купите производи преку сајтот, достапни се два начини на плаќање – со платежна картичка или плаќање по испорака во готово.

Во вториот случај, се плаќа на курирот, веднаш по испорака на Вашата пратка, исклучиво во готовина.

Платежната картичка мора да биде одобрена за онлајн (интернет) плаќање од страна на банката која ја издала.

Во текот на процесирање на онлајн нарачката, по одбирање на начинот на плаќање ќе бидeте редиректирани до страната на CPAY која е сигурна и заштитена за ваков вид плаќања. Податоците за Вашата картичка во ниту еден момент не се достапни во нашиот систем.

На оваа страница потребно е да ги внесете следните податоци :

–    Број на платежната картичка

–    Име и презиме на носителот на картичката

–    Датумот на важност на картичката

–    CVV2/CVC2 код, кој може да го прочитате на вашата картичка

Податоците кои се внесуваат се наменети исклучиво за комуникација помеѓу корисникот на картичката и CPAY, додека интернет трговецот нема никаков увид или пристап до податоците кои се пренесуваат.

Во случај на откажување на нарачката или на некој од производите, Вашите средства ќе Ви бидат рефундирани во рок од 15 работни дена на картичката со која сте го извршиле купувањето.

Сите цени кои што се објавени на сајтот на АСТИБО БЕЈЗИК се прикажани со вклучено ДДВ.

ДОСТАВА

Курирот ја доставува пратката до одредената адреса на купувачот во периодот од 09:00 до 16:00 часот. Ве молиме во моментот на доставата да обезбедите лице кое ќе биде присутно за подигнување на нарачката на адресата која ја имате приложено. Доколку курирот не успее да Ве пронајде на адресата, тогаш повторно телефонски ќе Ве исконтактираат на бројот кој го имате оставено при креирањето на нарачката и ќе може да се договорите за нов термин на испорака. Доколку и при третиот обид курирот не успее да Ве пронајде тогаш пратката ќе биде вратена кај нас.

Рокот на испорака е од 3 до 5 работни дена. Во периодот на сезонските намалувања и попусти и во период на зголемен обем на нарачки, испораката може да биде пролонгирана за неколку дена од одредениот рок за достава.