Производот може да се врати во рок од 14 дена од денот на приемот на производот со приложување на фактурата, при што производот мора да бидe вратен неупотребуван, со сочуван изглед и употребни својства, неоштетен, неперен и спакуван во неговото оригинално пакување со сочувани фабрички означувања и етикета. Исто така, нарачаниот производ не може да се врати доколку истиот е носен. Во спротивно потрошувачот го губи правото на повлекување. Потрошувачот не може да го користи правото на повлекување во случај на купување на оригинално затворени производи што не се погодни за враќање поради хигиенски причини или заштита на здравјето, а се отворени по испораката.
Правото на повлекување од договор може да го остварите најдоцна во рок од 14 дена од прием на производот, со пополнување и испраќање на Образецот за повлекување од договор, кој е достапен на следниот ЛИНК или со која било друга недвосмислена изјава за вашата одлука. Со цел да се процесира вашето известување за повлекување од договор односно враќање на производ, ве молиме испратете ни го на е-маил на info@astibobasic.com.mk или обратете ни се телефонски на +389 78 737 424. Со поднесување на известување за повлекување од договор се согласувате од наша страна да бидат обработувани Вашите лични податоци, вклучувајќи доколку е потребно и број на трансакциска сметка, кои се неопходни за цели на постапување по Вашето известување за повлекување од договор, враќање на производ и рефундација на средства. Повеќе информации прочитајте во делот Политика на приватност.
Враќањето на производите или откажување на нарачката може да се направи исклучиво онлајн и не е можно физички да се врати производот во продавниците.
Откако производот ќе се врати во продавница, ќе се утврди дали производот е вратен во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека производот не е вратен во соодветната состојба, ќе биде одбиено барањето за поврат и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.
Без претходна комуникација и договор со операторите во Онлајн продавница, преку еден од контакт телефоните или на е-маилот кој е наведен погоре, не можете самоиницијативно да правите поврат во малопродажните објекти на нарачаниот производ.
Доколку на купениот производ се појават недостатоци во смисла на одредбите од Законот за заштита на потрошувачи, Ве молиме контактирајте не на +389 78 737 424, понеделник – петок, 08-16 часот или испратете е-маил со свои податоци (име, презиме и телефон) на info@astibobasic.com.mk заради понатамошни инструкции за процесирање на Вашето барање.
Замената се реализира во рок од 14 дена по направената нарачка, само доколку производот не е отворен, употребуван и пакувањето е неоштетено. Доколку производот се врати во неисправна состојба, отворен, испробан и/или оштетен нема да се прифати замена или рекламација.