Производот кој што е нарачан онлајн и е доставен од страна на курирската служба, потребно е да го проверите веднаш по приемот и доколку истиот има видливи оштетувања, како искинати делови или нагмечувања веднаш пријавете до контакт центарот на АСТИБО БЕЈЗИК на е-маил info@astibobasic.com.mk или на еден од телефонските броеви наведени на сајтот.

Со цел да се процесира рекламацијата потребно е да ни испратите е-маил со следните информации:

– Број на нарачка,

– Шифра и величина на производот што сакате да го рекламирате,

– Опис на проблемот што го имате и слика од оштетениот производ.

Рекламацијата без потребните информации се смета за некомплетна.

Пријавувањето на производ којшто е ошететен потребно е да го направите во рок од 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување со етикета, декларација, кутија, фактура и истиот не треба да е носен и/или перен.

Рекламациите се прават исклучиво онлајн и не е можна физичка рекламација за производи нарачани онлајн во нашите продавници.