🆕 Сезона за мантили‼️Модели Идрис/1 (црн 34-46) , Идрис/2 (црно-сребрен 38-46), составени од 35% памук, 34% вискоза, 27% полиестер и 4% еластин. Горен дел полнет со флизелин (вата) погоден за претстојниот период. Достапни online преку порака , на ananas.mk/proizvod/astibo-mantil-idris-1/1003264 ananas.mk/proizvod/astibo-mantil-idris-2/1003266, Аутлет 1 и 2 (Штип) и во добро познатите продажни места низ Мк. Фиафешн Мит - FIA F-Скопје Astibo_linea_prilep Ескориал ДО Grombi - ГТЦ Скопје, Jana-Viola Struga Butik Stil Resen BONI Butik- Тетово Rifi Butik - Струмица Eli 97 - Danko- Кичево, Фешн Сквер -Струга, Спаркли - Илинден(Скопје), Стефал-Свети Николе, Ивона - Охрид , Бутик Сузана Струмица. 🧥🧶 *цена 6390 мкд, повеќе инфо во порака или на 078/737/434 🧵
... See MoreSee Less
🆕 мантил Маракеш, најпродаваниот модел од новата колекција достапен од 36 до 54 величина, составен од : 31 % вискоза, 29% памук, 36% полиестер и 4% еластин. Модел прилагодлив за секојдневна употреба и за некоја прилика. Достапен online преку порака , на ananas.mk/proizvod/astibo-mantil-marakes/1003265 , Аутлет 1 и 2 (Штип) и во добро познатите продажни места низ Мк. Фиафешн Мит - FIA F Astibo_linea_prilep Ескориал ДО Grombi ZAK Jana-Viola Struga Butik Stil Resen BONI Butik Rifi Butik Eli 97 - Danko Фешн Сквер -Струга, Спаркли - Илинден(Скопје), Стефал-Свети Николе, Ивона - Охрид , Бутик Сузана Струмица. 🧥🧶 *цена 7.490 мкд, повеќе инфо во порака или на 078/737/424 🧵
... See MoreSee Less
Call Now
✅ Помина нашата Текстилијада 7 / Textilijada 7, 2023 која се оддржува веќе 7-ма година, која траеше 3 дена и имаше 15 активности.
🙏 Им благодариме на нашите партнери без кои немаше да биде возможно да се случи овој настан, а тоа се Friedrich-Ebert-Stiftung Skopje, канцеларија Скопје, Фондацијата The Kvinna till Kvinna Foundation, Меѓународниот центар Olof Palmes Internationella Center, Шведска и Општина Штип Македонија.
Ни беше чест и задоволство што годинава Текстилијадата ја отвори токму Амбасадорката на Шведска, Н.Е Ами Ларсон Јаин (Embassy of Sweden in Skopje), која ја изрази поддршката на #Шведска за пристојни работни услови за работа во нашата земја преку Олоф Палме центарот и #ГласенТекстилец.
🙏 Благодарност до градоначалникот на Штип, Иван Јорданов (Иван Јорданов), секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова и кабинетот на градоначалникот кои дадоа поддршка и особен придонес за да #Штип биде одличен домаќин пред нашите гости од Шведска, Албанија, Косово, Србија...
Уметноста и културата која треба да се врати назад кај работниците, но и приматот на Штип како текстилен град, оваа #ТекстилИјадА7 навистина го постигна тоа.
Благодарение на Дејвид Стоилковски од Куманово (Forma), можеме да се пофалиме со првиот #Мурал на зграда која го има сега ликот на текстилна работничка која го шие македонското знаме, за да ја истакне важноста на жените текстилни работнички во нашиот град како главен стожер и важноста на оваа индустриска гранка која треба да го врати својот сјај и биде гордост во Штип, како што било во минатото.
🙏 Огромна благодарност и до нашиот соработник Андреј Миневски, кој втора година по ред навистина придонесе кон тоа Штип да има важни обележја, минатата година преку работничката клупа во паркот Кр’ теќе, а годинава преку скулптурата „Корени на традицијата” во центарот на градот која е во форма на дрво, ја покажува повторно нашата традиција како текстилен град и текстилната индустрија која е важна не само за Штип и регионот, туку и за целата држава.
Но, немаше да успееме без да имаме поддршка од Штип Сити мол (Štip City Mall), Арион Бау Центар (Arion Baucentar-Stip), ЕАМ (Eam T Shirts Maici). Особено важна беше техничката помош и поддршка од ЈП Стипион (ЈП Стипион 2011), и првиот човек, директорот Панче Стефановски, кои овозможија безбедно и навремено да биде насликан муралот, како и скулптурата да има соодветен постамент кој веќе го разубавува нашиот град и предизвика навистина убави коментари кај нашите штипјани, но и македонската јавност.
Благодарност до Астибо беас (Astibo Basic) и #ЕАМ кои ги примија гостите од Борос, Шведска и покажаа дека имаме текстилна индустрија и брендови со кои можеме да се гордееме и како град и како држава. Благодарност до конфекција Ведра текс и Христијан Велков кои покажаа како младите претприемачи можат да имаат свој бренд и се трудат да ја оддржат оваа индустрија.
▶️ Исто, им благодариме на: Даниела Стефановска од #ДИТ, Дејан Здравков од #КЕМ, Александра Цветановска од #МЗМП (Македонско здружение на млади правници/Macedonian Young Lawyers Association), Игор Јадровски и #КСЗД (Комисија за спречување и заштита од дискриминација), но особено да заблагодариме на Магдалена Стојмановиќ –Константинов, која иако со бебе, успеа да дојде од Скопје и ни сподели за нејзиното искуство со дискриминација на работното место поради нејзината бременост, но и ги охрабри младите мајки да не молчат за овој проблем, туку да бидат гласни.
🙏 Големо благодарам на нашите гости од #Борос, Шведска, во состав на Christian Lundell од ”Nordiska Textilakademin”, Sara Andersson од Советот на Општина Борос и Nelly Hayek од Советот на општината Борас и #ACTE, нашите Johan Schmidt и Levend Bicaki, кои беа три дена во нашиот Штип и споделија со нас многу знаење, многу совети, идеи за да текстилството има иднина и биде навистина важна економска гранка и имаме млади кои ќе сакаат да бидат дел од овој сектор, но да е напреден, иновативен, добро платен и атрактивен за сите.
Исто, благодарност до Тамара Ресавска – Манчевски од Реактор – истражување во акција (Reactor Research in Action/ Реактор истражување во акција), Билјана Солаковска Михајловска од Fear Wear Foundation (Fair Wear Foundation), Виктор Митевски од #ЗМАИ (Здружение за истражување и анализи - ЗМАИ) и нашиот штипјанец Виктор Вукановски кои беа модератори на панел дискусиите и се заложија за да имаме навистина важни заклучоци од говорниците и знаеме каде треба Гласен Текстилец да се насочи во наредната година, до следната Текстилијада. Дизајнерот Никола Булески и Александар Петриклиски од компанијата ЕАМ кои го споделија своето искуство и размислување за иднината на овој сектор во Македонија, од кои имаме многу да научиме. Исто, претставниците од двата бренда Workfashion и Albiro кои ги споделија своите примери на општествена одговорност во нивниот синџир на производство и соработката со локални актери како Гласен Текстилец. Директорката на СОУ „Димитар Мирасчиев“ (СОУ Димитар Мирасчиев - Штип), Марина Варадиновска која сподели за предизвиците на училиштето и активностите во кои се вклучени учениците и нивните професори. Нашата Ванге Манчова и 37 те ученици од основните и средните училишта кои го збогатија овој наш настан, Ви благодариме.
Ѓорѓе Јовановиќ кои со 20-тина работнички од Штип, Струга и Делчево, направија 12 дела за прв пат со AI и покажаа дека сепак уметникот, работникот не може да бидат заменети со вештачката интелигенција. Особено важно беше да се слушне за состојбата со правосудството, работата на институциите, корупцијата, но и пристапот до правда на граѓаните, работниците низ призмата на претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, Стојан Михов, судија во пензија од Штип, Донче Стаменков од адвокатска канцеларија САЗДОВ-СТАМЕНКОВ, како и Даниела Стефановска која беше претставничка на ДИТ. За важноста од регионална соработка меѓу синдикалните организации и трката до дното која ја водат политичарите на нашите земји (Македонија, Србија, Косово и Албанија), дадоа придонес Југослав Ристиќ од ЗГ Нова светлост, Србија, Брикене Хоџа од Косово, Nexhmie Spahiu од Албанија и Драган Тевдовски (Dragan Tevdovski) од #ЗМАИ (поранешен министер за финансии). Уметникот и графички дизајнер Никола Костовски повторно преку стрипот „Супер Работничка“, а со помош на уметничкиот директор на Текстилијада , Денис Ампев, ги отслика овогодишните предизвици на работничките, овојпат прикажувајќи ја дискриминацијата на работното место и отпуштањето на бремените жени, но и важноста од суд и институции кои ги заштитуваат правата на граѓаните. Благодарност до директорот на Дом на млади Штип (Дом на млади Штип), Видан Лазарев и вработените од институцијата, кои втора година по ред, несебично се заложија за да имаме успешни уметнички изложби. Благодарност во новинарите и новинарките кои ги проследија активностите и ја информираа јавноста за настаните во склоп на нашата Текстилијада 7. На крај, и најмногу важен е придонесот на вработените во Гласен Текстилец, Благојче, Силвија и Веселинка, нашите волонтери кои оваа година беа во рекорден број, или поточно, 54.
Голема брагодарност за техничката поддршка од Promovens Skopje - Macedonia in English (Bosko Galevski, Sasko Golov, Трпе и целиот тим, вклучувајќи ги и преведувачките кои ни овозможија непречена комуникација и разбирливост). До Koma - design studio за прекрасните промотивни материјали и нивната ефикасност и професионалност!
💟 На крај, благодарност од работниците и работничките кои успеаја и не успеаја да дојдат на настанот, но даваат поддршка на работата на здружението низ целата година.
За вас и постоиме.
✅ Се гледаме на Текстилијада 8!
@следачи
... See MoreSee Less
‼️ Попуст од 25% до 45% на нови и веќе намалени артикли достапни во добро познатите продажни места низ Мк, онлајн преку порака и на www.ananas.mk , воедно во Аутлет 1 и 2 во Штип достапни модели на акција : фустани 1490/990 мкд, туники 990 мкд , блејзери 990 мкд, количините се ограничени 🥻👚💐
... See MoreSee Less